Кликнете на копчето погоре за да го најдете најблискиот
| Номинален напон | 36 |
| Максимален напон | 40 |
| Систем на батерии | ALLPRO/AP |
| Тежина на батеријата | 1.3 |
| Енергетска содржина | 144 |


AP 20.1 е почетниот модел на батерија во системот ALLPRO, идеално приспособен за поинтензивни работи во домашни услови или за професионална употреба, со добар однос меѓу цената и перформансите. Наменета е за различни работи при одржување градини и имоти и овозможува ефикасна работа со голем број компатибилни STIHL уреди.
Благодарение на робусната конструкција и проверената STIHL батериска технологија, батеријата останува сигурна дури и во неповолни услови. Може да се користи и на дожд бидејќи е заштитена од прскање вода од сите насоки. Затоа батеријата има сертификат IPX4.
Благодарение на функцијата за брзо полнење, батеријата достигнува 80% наполнетост за само 25 минути (време на полнење до 80% при температура на околината или батеријата од 25 °C до 40 °C, во комбинација со полначот AL 1802 MO; ако истовремено се полнат две батерии, времето на полнење може да биде подолго, во зависност од типот на батеријата). Батеријата е проектирана за до 1.200 циклуси на полнење. Вградената функција power boost автоматски обезбедува дополнителна моќност за особено захтевни задачи, а истовремено ја штити батеријата со приспособување на излезната моќност во случај на преоптоварување.
Забелешка: Уредите од системот STIHL ALLPRO може да се користат и со ALLPRO батерии и со AP батерии.
