Кликнете на копчето погоре за да го најдете најблискиот
| Номинален напон | 230 |
| Номинална струја | 2.6 |
| Потрошувачка на струја | 570 |
| Тежина | 1.3 |
| Тежина | 2.9 |
Со брзиот полнач STIHL AL 501 времето потребно за полнење на батериите се сведува на минимум. Сите батерии од STIHL AK системот, STIHL ALLPRO системот и STIHL AP системот може брзо да се наполнат со брзиот полнач STIHL AL 501. Активното ладење ги штити батериите за време на полнењето. LED-индикаторот за работниот статус го прикажува напредокот на процесот на полнење.
Лесниот и компактен брз полнач STIHL AL 501 има номинален напон од 36 V и работи со соодветни струи на полнење кои овозможуваат многу кратко време на полнење. Брзиот полнач STIHL има практичен систем за намотување на кабелот, а може да се постави и на ѕид.
Во апликацијата STIHL connected можете да изберете нормално, брзо или внимателно полнење со заштита на батеријата кога компатибилните STIHL батерии ги користите со полначот AL 501.
Повеќе информации за безбедносните стандарди за нашите батерии може да најдете во STIHL водичот за полнење литиум-јонски батерии.
Забелешка: Батериите од системот STIHL ALLPRO може да се користат и со ALLPRO уреди и со AP уреди.
