
Кликнете на копчето погоре за да го најдете најблискиот
| Номинален напон | 36 |
| Максимален напон | 40 |
| Систем на батерии | AK |
| Препорачана батерија | AK 10 |
| Тежина на уредот без батерија | 5 1) |
The pictures shown are sample photos. The actual appearance of the equipment features and their specific attachment to the product may differ from the pictorial representations, but will have the same functionality.


STIHL SGA 60 грбната батериска прскалка од STIHL AK системот е специјално развиена за заштита и нега на растенија во поголеми приватни градини, како и за полупрофесионални корисници, како што се дополнителни дејности или помали градинарски центри. Наменета е за примена на течни средства за заштита од габични заболувања и штетници, за ѓубрење, како и за сузбивање плевел.
SGA 60 батериската прскалка е едноставна за ракување. Постојано високиот работен притисок во текот на целото траење на батеријата, големиот проѕирен резервоар со капацитет од 15 литри со индикатор за ниво, робусната и моќна мембранска пумпа, како и 5 различни млазници, овозможуваат ефикасно извршување на широк спектар задачи во овоштарството, градинарството, зеленчукопроизводството и насадите. Удобниот модуларен систем за носење со обложен потпирач за грб и индивидуално прилагодливи ремени за рамена, гради и колкови обезбедува рамномерна распределба на тежината и удобна работа со минимален замор, дури и при подолги периоди на користење.
Ситото во големиот отвор за полнење и филтерот во резервоарот за средство за прскање овозможуваат непречена работа, бидејќи спречуваат навлегување нечистотии во резервоарот, пумпата и млазниците. За оптимални резултати при прскање и прецизно прилагодување на млазот на различни примени, испорачаните единечна, двојна, четворна и лепезеста млазница, како и варијабилната млазница, можат брзо и лесно да се заменат. Дополнително, приложениот адаптер овозможува користење на опционално достапни ST
