Кликнете на копчето погоре за да го најдете најблискиот
| Номинален напон | 220-240 |
| Број на фази | 1 |
| Потрошувачка на струја | 2.10 |
| Број на вртежи | 2850 |
| Тежина на уредот без кабел | 16.7 1) |
STIHL RE 120 електричниот уред за перење под висок притисок обезбедува одлични резултати при сложени задачи за чистење околу домот и во градината, како и при миење возила. Покрај висококвалитетната опрема и едноставното ракување, овој уред обезбедува максимален притисок од 160 bar, благодарение на тивкиот и издржлив индукциски мотор и робусната алуминиумска пумпа за висок притисок.
STIHL RE 120 електричниот уред за перење под висок притисок стандардно доаѓа со две млазници:
Прилагодлива рамна млазница за чистење почувствителни површини.
Ротациона млазница за отстранување тврдокорна нечистотија.
За уште поефикасно чистење, во млазот вода можеш да додадеш средство за чистење од вградениот проѕирен резервоар. Средството за чистење се меша директно со млазот вода. Брзата спојка на цревото за висок притисок со заштита од извртување спречува извртување на цревото и овозможува поголема слобода на движење. Стабилното куќиште со големи тркала што лесно се вртат овозможува едноставно преместување на уредот до местото на работа, дури и на нерамен терен. Држачите за млазници и куките за кабел овозможуваат уредно складирање со заштеда на простор.
