ИНФОРМАЦИИ ЗА ГАРАНЦИЈАТА – STIHL Д.O.O. Белград Подружница во Република Северна Македонија

STIHL произведува уреди за приватна и за професионална употреба. За совет за тоа како да го изберете правилниот производ за извршување одредена задача, контактирајте со вашиот овластен продавач на STIHL. 

Потрошувачот, првенствено, ги ужива сите права загарантирани со Законот за заштита на потрошувачите во однос на сообразноста на купениот производ со договорот:

  1. Доколку во периодот на важење на сообразноста од две години дојде до дефект на купениот производ-уред, поправката, односно замената на производот ќе се изврши бесплатно, во согласност со Законот за заштита на потрошувачите
  2. Додека трае сообразноста на производот со договорот, купувачот е должен да го користи онака како што е наменет и во согласност со упатството за работа. STIHL д.o.o Белград Подружница во Република Северна Македонија, како и продавачот, не се запознаени со конкретната употреба за која купувачот го набавува производот, освен ако тоа не е изречно договорено
  3. За секоја поплака за неусогласеност, рокот за извршување на продавачот/STIHL д.o.o. Белград, Подружница во Република Северна Македонија е 8 дена од денот кога е доставена поплаката

  4. За купениот уред се осигурени сервисно одржување и резервни делови во рок од 7 години од датумот на купување на артиклот

Покрај основниот (двегодишен) период на сообразност, купувачот има право на дополнителни 3 години гарантен период (по истекот на законскиот период на важење на сообразноста, односно на вкупно 5 години од денот на купувањето) под следниве услови:

  1. Уредот е купен по 15 март 2019 г.
  2. Во текот на првата година од датумот на купување, уредот се носи во овластен сервисен центар еднаш годишно (не порано и не подоцна од 30 дена пред истекот на првата, втората, третата и четвртата година од датумот на купување) со цел да се изврши сеопфатна проверка на целиот уред и, доколку е потребно, да се заменат потрошните делови (филтер за масло, филтер за гориво, филтер за воздух, свеќичка итн.)
  3. Во текот на првите четири години од датумот на купување, во уредот се истурани само оригиналното масло-мешавина на STIHL за подмачкување, како и маслото на STIHL за подмачкување на синџирот (се однесува исклучиво на моторни пили)
  4. При проверка на уредот, сервисерот има утврдено дека сите резервни делови се оригинални резервни делови на STIHL и дека нема други неправилности во поглед на одржувањето; и
  5. Продавачот со својот печат и потпис во полињата подолу има потврдено дека купувачот редовно го сервисирал уредот и дека во таа прилика не се констатирани неправилности
     

2+ 3 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА НА СЛЕДНИВЕ STIHL УРЕДИ:

ПРОИЗВОД/УРЕД

 

Моторна пила MS 162 

2+3 години гаранција*

Моторна пила MS 172 

2+3 години гаранција*

Моторна пила MS 182

2+3 години гаранција*

Моторна пила MS 211

2+3 години гаранција*

Ножици за жива ограда HS 45

2+3 години гаранција*

Електрични косилки за трева RME

2+3 години гаранција*

Бензински косилки за трева RM

2+3 години гаранција*

Моторен тример FS 55

2+3 години гаранција*

Моторен тример FS 120

2+3 години гаранција*

Правосмукалка SE 62

2+3 години гаранција*

*Со редовен годишен сервис кај овластен сервисер

 

Гарантните права нема да важат во следниве случаи:

  • Ако деловите подлежат на нормално абење (комплет за сечење, свеќичка, јаже...)
  • Ако клиентот/корисникот не ги следел упатствата за работа, односно за одржување;
  • Ако корисникот користел неоригинални резервни делови и/или
  • Поради механичко оштетување (пад на артиклот, удар...), влијание од туѓи тела (камен, песок, прашина...), од термичко и/или хемиско влијание

За да ги оствари своите права, купувачот:

  • Поднесува доказ за плаќање на производот што го опфаќа гаранцијата
  • Поправката, расклопувањето или замената на уредот се вршат исклучиво во овластени сервиси на STIHL

Известување за сообразност – 2 години
Известување за сообразност – 2+3 години