СТИХЛ д.о.о. Белград – Подружница во Република Северна Македонија
ул. Бул. Партизански одреди 14,
влез 1, спрат 3, локал 2
1000 Скопје
Телефон: +389 23 141 777
Е-пошта: adria.office@stihl.com
Застапувана од извршниот директор: Дијана Пешкир
Матичен број: 7811845
Даночен идентификациски број: 4044024523871
Вонсудско решавање потрошувачки спорови
Во Република Северна Македонија, вонсудското решавање на потрошувачки спорови е уредено со Законот за заштита на потрошувачи ("Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 236/2022, 3/2025 and 49/2025) („ЗЗП“). Согласно член 200 од ЗЗП: „Вонсудското решавање на потрошувачките спорови го подразбира решавањето на потрошувачки спор врз основа на поднесен потрошувачки приговор или поднесено барање на потрошувач или на овластените тела за заштита на колективните интереси и права на потрошувачите, пред носител на кодекс на однесување, преку медијација, арбитража и на други начини на вонсудско решавање на потрошувачки спорови согласно со посебни прописи. “
Во согласност со важечкиот закон, компанијата STIHL d.o.o. ги информира потрошувачите за можноста за вонсудско решавање спорови пред надлежните органи за вонсудско решавање потрошувачки спорови.
Во Република Северна Македонија се применува медијацијата како начин на вонсудско решавање на потрошувачки спорови. Согласно Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 294/2021 и 111/2026) во Република Северна Македонија, медијацијата се применува при потрошувачки спорови. Одредбите од Законот за медијација се применуваат и во прекугранични спорови од областа на трговското и граѓанското право, за кои не е предвидена исклучива надлежност на суд или друг орган.
Барањето за поведување постапка на медијација, се поднесува по писмен или електронски пат до медијатор наведен во Листата на медијатори која е утврдена од страна на Комората на медијатори на Република Северна Македонија.
Листата на медијатори е достапната на официјалната веб-страница на Комората на медијатори на Република Северна Македонија на следниот линк: https://www.kmrsm.org.mk/medijatori/.
Со цел да дознаат повеќе за оваа можност, STIHL d.o.o. Белград ги охрабрува потрошувачите редовно да ја проверуваат веб-страницата на Комората на медијатори на Република Северна Македонија (https://www.kmrsm.org.mk).